Додека другите македонски клубови се веќе елиминирани од Европа, а Шкупи има пред себе невозможна мисија да анулира предност од два гола на Левски во Софија, Струга ТЛ ја продолжува еворпската бајка со победа и на реваншот против Будуќност во Подгорица. На крајот триумф од 3-4, во еден не премногу квалитетен, но полн со голови и возбудлив натпревар во кој херој на стружани беше Марјан Радески кој постигна хет-трик во оваа победа на својот тим.
Лошиот почеток на првиот и на вториот дел немаа влијание на крајот на конечниот резултат, затоа што Струга ТЛ и покрај проблемите во одбраната, на крајот успеа да се издигне над сите препреки и да го совлада својот противник.
Почетокот беше кошмарен за македонскиот шампион, Ѓуричковиќ во 7. минута со петица го најде патот до голот на гостите за предност. Сепак, Радески веднаш врати. Мазрекај центрираше од корнер, а играчот на Струга ТЛ со глава успеа да израмни. До крајот на полувремето јалови напади за Будуќност, а Радески користи грешка во третата минута од судиското надополнување, и носи предност. И кога се чинеше дека стружани ќе одат на одмор со предност, Аџиќ од слободен удар го совлада Ќосевски во 11. минута од продолжението од првиот дел. На одмор се замина со 2-2.
Нешто подобро го почна и вториот дел тимот на Будуќност, но овојпат не успеа да дојде до гол. Стружани спасуваа и од гол линијата, а потоа Бесарт Ибраими благодарение на неговиот индивидуален квалитет и ударо од далечина, во 66. минута носи прендост за Струга ТЛ. Кога домашниот тим веќе беше во „нокдаун“, Радески во 74. минута се најде на вистинско место по еден карамбол во петерецот, за да го совлада Павличиќ и да донесе недостижна предност од 2-4.
Будуќност не се предаваше. По една грешка на одбраната на Струга, Секуловиќ од левата страна го совлада Ќосевски и донесе неизвесност во финишот. Но, црногорците немаа силаза уште некој гол и понеизвесен финиш на мечот. Вака остана предноста на Струга ТЛ и нова победа на патот кон плеј-офот во Лигата на Конференции.
Струга ТЛ во 3. коло ќе се сретне со тимот на Хесперанж од Луксембург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА