Одлични резултати има екипата на Барселона на подготвителните натпревари пред почетокот на сезоната. После победата над Реал Мадрид, „каталонците“ го победија и тимот на Милан. Стрелец на голот беше Ансу Фати во 55. минута откако упати вистинска „бомба“ кон голот на „росонерите“.
Ова беше последен меч за Барса на турнејата во САД.
Инаку по постигнувањето на голот, Фати замина во прегратка кај Дембеле кој ја напушта Барселона и се сели во ПСЖ. Французинот, пак, во текот на целиот меч не покажуваше знаци на жал што заминува од тимот и се сели во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

