Шкупи се засилува со поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Армин Хоџиќ

Шкупи за новата сезона се засилува со поранешниот репрезентативец на БиХ, Армин Хоџиќ.

29-годишниот Хоџиќ доаѓа од редовите на сараевски Железничар каде настапуваше изминатата сезона, а сега се сели во редовите на чаирскиот прволигаш.

Централниот напаѓач Хоџиќ е дете на Железничар, но сите младински категории ги мина во редовите на Ливерпул како, тогаш, еден од најталентираните фудбалери од БиХ.

Најубавиот дел од кариерата го мина во Динамо Загреб каде настапуваше од 2014 до 2018 години освојувајќи и три шампионски титули во Хрватска, а беше дел и од унгарскиот Мол Фехервар, како и Кашимпаша во Турција. За репрезентацијата на БиХ има 14 официјални настапи и три постигнати гола.

Се вчитува...