Евгениј Поп Ацев во фото-финиш триумфираше на малиот пливачки маратон во Охрид

Најдобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев од ПК „Вардар 2018“ е победник на традиционалниот мал пливачки маратон, познат како „Илиндински куп“, кој денеска се одржа на патеката во должина од 2,5 милометри од Горица (плажа К’ј Дивоно) до Охрид, а на кој учествуваа 50 пливачи од земјава и странство.

Поп Ацев триумфираше во фото-финиш со време од 29:02.71 минути, пред неговиот клупски колега Никола Ѓуретановиќ кој на целта стигна само 27 стотинки зад него, со време 29:02.98. Третото место во машка конкуренција го освои Кристијан Стојановски со време 29:23.46 минути

Малиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање оваа сезона.

„Навистина одлична трка. Моја прва по 1999 година, па чувството е навистина одлично. Одлучи фото-финиш меѓу мене и Никола, конкуренцијата беше силна, а ќе биде уште посилна во иднина бидејќи доаѓаат нови генерации одлични пливачи“ – изјави по трката Евгениј Поп Ацев.

Во женска конкуренција победи Ивана Неделковска од ПК Скопје, со време 31:33.80 минути, пред Јована Неделковска од ПК Скопје (33:07.11) и Росана Гошева од ПК Скопје (37:59:32).

Во конкуренцијата на пливачи од генерацијата 2008 и помлади, доминација на Вардар 2018 во машка конкуренција, додека кај девојките триумфираше Сара Јанковиќ од ПК Скопје.

Резултати мажи 2008 и помлади
1.Петар Цеков – Вардар 2018 Скопје 29:40:65 мин.
2.Никола Велковски – Вардар 2018 Скопје 33:20:14
3.Давид Неделковски – ПК Скопје 34:17:76

Резултати жени 2008 и помлади

1.Сара Јанковиќ – ПК Скопје 32:42:39 мин.
2.Емилија Велкова – ПК Нептун Скопје 35:30:71
3.Неда Миленкоска – ПК Младост 35:44:93

WWW. OHRIDNEWS.COM (ФОТО: А. Момироска)

Се вчитува...