Џанлуиџи Буфон од денеска и официјално е фудбалски пензионер откако легендарниот голман и официјално објави дека става крај на неверојатната кариера.
Тој долго време размислуваше дали да продолжи да игра уште една година бидејќи имаше уште една сезона од актуелниот договор со Парма, но честите повреди што ги имаше во текот на ланската сезона придонесоа 45-годишниот Буфон да ја заврши кариерата што траеше фантастични 28 сезони.
„Тоа е се народе. Ми дадовте се, јас ви дадов се“, објави Буфон на своите профили на социјалните мрежи.
Се очекува легендарниот голман сега да ја преземе функцијата шеф на делегација на италијанската репрезентација, што претходно му припаѓаше на Џанлука Вијали.
Gianluigi Buffon announces his retirement with a brilliant farewell video pic.twitter.com/rL5bj1LlTy
— Get Italian Football News (@_GIFN) August 2, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА