Дејвид Бекам составува тим од врвни ветерани во Интер Мајами, а по потписите на Меси, Бускетс и Алба, англиската фудбалска легенда го осигурала и потписот на Серио Рамос.
Шпанскиот дефанзивец сепак нема да потпише за американскиот клуб откако „вето“ на неговиот трансфер ставил Лео Меси. Американските медиуми тврдат дека букално сите детали биле договорени, но Меси веднаш по дознавањето на оваа вест јасно ставил до знаење дека не го сака Рамос за свој соиграч.
Интересно, поранешните легенди на Барселона и на Реал Мадрид во последните две години ја делеа соблекувалната во ПСЖ, но Меси и Рамос никогаш не важеа за пријатели во Париз. Имено, Шпанецот експресно му се приклучил на „кланот“ играчи кои важеа за блиски на Килијан Мбапе, што само по себе значеше оддалечување од аргентинскиот фудбалски генијалец.
Според истите извори, Меси никогаш не му го простил тоа на Рамос, па токму тоа е причината поради која го стопираше трансферот на Шпанецот во Интер Мајами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

