Џанлуиџи Буфон денеска официјално стави крај на фантастичната кариера, по што бројни фудбалси ѕвезди испраќаат поздрави до легендарниот голман.
„Секогаш ќе биде мојот Број 1“, напиша Пауло Дибала крај заедничката фотографија со Буфон.
„Беше единствен и ќе останеш таков. Не постојат зборови со кои може да се опишеш што се ме научи, што се ми даде… Ти благодарам пријателе“, порача Леонардо Бонучи, кој долги години ја делеше соблекувалната со Буфон, во Јувентус и во италијанската репрезентација.
Килијан Мбапе имаше чест една година да настапува заедно со легендарниот чувар на мрежата во таборот на ПСЖ.
„Имав чест да те запознаам и да ни се спојат патиштата за време на твојата легендарна кариера. Златен човек со драгоцен совет што ќе го следам до крајот на мојот живот. Со среќа и пред се, многу ти благодарам“, порача Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА