Тухел по мечот со Ливерпул го понижи Кимих, па тој веднаш му одговори (ВИДЕО)

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел беше разочаран по вчерашниот натпревар против Ливерпул и покрај победата на неговиот тим од 4-3. По мечот Тухел призна дека на Баерн му се потребни уште неколку засилувања и дека се надева дека челниците на клубот ќе реагираат како што треба.

Но, она што многумина изненади е тоа што Тухел директно го прозиваше капитенот Џошуа Кимих порачувајќи дека тој не е вистинска „шестка“, односно дефанзивен играч за врска, и дека таа позиција е најкритична во моментов во екипата.

„Сакам нов број шест во екипата. Кимих тоа не е, и јасно му е тоа и нему“ – изјави Тухел по мечот.

Но, по Тухел потоа во микс-зоната се појави токму Кимих кого новинарите го затекнаа кога му објаснија за што зборувал неговиот тренер. Сепак, Кимих не се уплаши да го каже своето мислење.

„Нов број шест? Па, јас сум број шест и доволен сум“ – кратко прокоментира Кимих и замина.

За да биде работата полоша по него, ниту неговите соиграчи не се очигледно задоволни од игрите на Кимих, па и Де Лихт по мечот изјави дека Кимих не игра на својата вистинска позиција и тука треба нов човек.

Се вчитува...