„Нема спортски причини за трансферите во Саудиска Арабија“

Огромен број фудбалски ѕвезди се одлучуваат ова лето да ги прифатат понудите од Саудиска Арабија и да ги продолжат кариерите на Блискиот Исток.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, сепак, не е загрижен за сето тоа истакнувајќи дека поголемиот дел од играчите го сакаат европскиот фудбал, ја сакаат Барселона како клуб и се подготвени да дојдат тука поради предизвикот. А, не само поради парите како што е тоа случај со саудијските клубови.

„Нема спортски причини за еден играч да оди во Саудиска Арабија. Знаете, постојат и други причини кои се приоритет. А, фудбалот мора да биде приоритет – спортските причини мора да бидат приоритет. Ги почитувам одлуките на саудијската влада да носи врвни играчи кои ќе го промовираат овој спорт и да ги усреќат навивачите, но тимот мора да биде приоритет“ – вели Лапорта.

Првиот човек на Барселона им понуди соработка на саудијските клубови.

„Мое мислење е дека важно е и за нив да добијат помош од традиционалните клубови, посебно европските. Има многу клубови, вклучувајќи ја и Барселона, кои може да им помогнат на саудијските клубови да убедат некои сојузи да ги пренесат своите знаења во таа земја. Мислам дека тоа е начин, можеби со фудбалски академии, за фудбалот да се подобри на тие простори“ – вели Лапорта.

Се вчитува...