Ракометниот клуб Ловќен создава моќен тим за претстојната сезона во која ќе настапува во Лигата на Европа на ЕХФ. Капитално засилување дојде во форма на Вуко Борозан, кој потпиша едногодишен договор.
Црногорецот кој своевремено беше еден од најдобрите светски ракометари, првпат ќе заигра за клубот од родниот град, бидејќи израснал во Жепелин кај славниот Миодраг Поповиќ.
Во својата кариера настапуваше за Карловац, Металург, Либеке, Вардар со кој беше европски првак во 2017 година, Веспрем и неколку катарски клубови. Тој минатото лето потпиша за Загреб, но не играше за хрватскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА