Брера Струмица го официјализираше трансферот на Сисе

Македонскиот фудбалски прволигаш АП Брера Струмица на неколку дена до стартот на новата сезона во ПМФЛ донесе ново засилување.

Станува збор за 20 годишниот Папе Оумар Сисе од Сенегал кој игра во нападот а во редовите на струмичкиот тим доаѓа од италијанскиот клуб Авецано каде на 28 натпревари, постигна 4 гола и 5 асистенции. Сисе во Струмица дојде на почетокот на јули и беше дел од сите фази на подготовките на тимот за престојната сезона а беше и во стартните состави на некоку пријателски натпревари во Бугарија.

Нови засилувања во Струмица се и 23 годишниот дефанзивец Стефан Наумчевски, Александар Ристевски кој дојде од штипска Брегалница, 18 годишниот прилепчанец Андреј Аризанкоски, 19 годишниот напаѓач од Италија Салвадоре Рибаудо и искусниот бразилец Леонардо Антонио. Во меѓувреме продолжени беа договорите и со младите Ѓеоргије Јанкулов и Мартин Ѓоргиевски.

Се вчитува...