Струга во Скопје ќе игра во 3. квалификациско коло во Конференциска лига

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим и Лум се пласираше во 3. коло на најмладото фудбалско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига откако во двомеч беше подобра од црногорскиот шампион Будуќност.

Во третото коло стружани за противник ќе го имаат Есперанж од Луксембург, а домашниот натпревар ќе го играат на „Тодор Проески“ арената во Скопје.

Натпреаврот ќе се одигра на 10. август со почеток во 19 часот.

Се вчитува...