По мажите и женската репрезентација на Германија доживеа срам на СП

Откако машката германска фудбалска репрезентација две светски првенства по ред не може да ја помине групната фаза, подеднаков срам доживеаја и нивните колешки од женската репрезентација.

Иако беше фаворит во групата Ф, Германија по поразот од Колумбија во 2. коло, денеска одигра само реми против Јужна Кореја (1-1) и со тоа го заврши настапот на Мундијалот на кој имаше големи очекувања.

Во вториот меч од овој сегмент Мароко славеше над Колумбија со 1-0, па овие две репрезентации продолжуваат во нокаут фазата.

Knockout Stage Bracket for 2023 Women's World Cup
byu/deception42 insoccer

Се вчитува...