Екипата на Тобол од Казахстан го исфрли Базел од Лигата на Конференции. Тоа е најголемата сензација во 2. квалификациско коло, имајќи во предвид дека швајцарскиот тим минатата сезона стигна до полуфиналето на ова натпреварување, кога беше пред пласман во финалето, но на крајот беше елиминиран од Фиорентина.
И покрај тоа што Базел славеше денеска во Казахстан со 1-2, сепак, на крајот се радуваше Тобол, со оглед дека на првиот меч го совладаа швајцарскиот тим со дури 1-3, резултат кој силно одекна во фудбалска Европа.
Базел во 32. минута имаше резултат кој го носеше во продолженија, односно водеше 0-2 со головите на Каде и Огустин, меѓутоа Дебле од пенал во 43. минута намали, што беше и конечен резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА