Голманот на Брајтон, Роберт Санчез во следните неколку часа ќе го комплетира трансферот во Челси. Тој ќе потпише за лондонските „сини“ и ќе дојде како замена за Едуард Менди кој замина во Саудиска Арабија. Заедно со Кепа ќе го сочинуваат голманскиот тандем на лондончани за следната сезона.
Целиот трансфер би требало да чини 23 милиони евра. Санчез во минатото беше поврзуван и со Тотенхем, но тој се одлучи да чека подобра понуда.
25-годишниот Санчез е дел од Брајтон од 2018 година, откако во минатото беше дел од младинските категории на Леванте. Тој две сезони мина на позајмица, а станарден на голот на Брајтон е од 2020 година. Добрите настапи во последните две сезони му донесоа и повици во националниот тим на Шпанија, за кој има два настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

