Шпанскиот напаѓач Алваро Мората наводно се согласил одново да го облече дресот на Јувентус, со што тоа ќе биде негов трет престој во Торино. Мората во моментов е играч на Атлетико и има договор до 2024 година, но наводно веќе ги договорил сите детали, откако пропадна можноста „бјанконерите“ да го доведат Ромело Лукаку.
Англиските медиуми веќе наголемо пишуваа дека Влаховиќ заминува во Челси, а на сметка на тоа Белгиецот се сели во Торино. Челси нуди наводно 20 милиони евра, но Јувентус бара двојно повеќе, односно 40 милиони евра.
Мората играше за Јувентус до 2014 до 2016 година, кога повторно се врати во Реал Мадрид. Потоа од Челси стигна во Атлетико кој го испрати на две сезони позајмица во Торино. Токму за Јувентус Мората одигра најмногу натпревари во својата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА