Еден од најдобрите шпански голгетери објави крај на кариерата

Шпанскиот напаѓач Роберто Солдадо, објави дека после 21 година ја завршува кариерата. Солдадо играше за Реал Мадрид, Осасуна, Гетафе, Валенсија, Вилјареал, Граната, Леванте, Тотенхем и Фенербахче. Со Фенер во 2017 година гостуваше во Скопје на мечот со Вардар кој заврши 2-0 за „црвено-црните“.

Солдадо најдобриот период во својата кариера го мина во Валенсија, за кој постигна 59 гола во три години престој на „Месталја“. Вкупно одигра 610 натпревари во криерата и постигна 224 голови.

За Шпанија одигра 12 натпревари и постигна седум гола, што важи за процентуално еден од најдобрите голгетери на „фуријата“.

„Денеска ставам точка на 21 години кариера, и така завршувам еден сон за кој мислев дека никогаш нема да се оствари, односно дека нема толку да трае. Благодарност до сите мои соиграчи, пријатели, фамилијата, тренерите, навивачите кои ми помагаа и беа со мене на ова патување. Се гледаме“, порача Солдадо.

Се вчитува...