Левски и Шкупи одиграа прво полувреме без голови на реванш дуелот од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
На преполната „Герена“ во Софија, фудбалерите на Шкупи играат рамноправен натпревар со Левски без многу шанси и на двете страни.
Навивачите на Левски во текот на првиот дел постојано промовираа „илинденска кореографија“ на својата трибина, нагласувајќи ја 1903 но и со пароли дека „Илинден за Бугарите е Велигден“.
„Ако некој каже дека не сум Македонец ќе му го откинам јазикот, а ако каже дека не сум Бугарин ќе му ја откинам главата“ – се дел од транспарентите кои ги промовираат навивачите на Левски на дуелот со Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА