Пролет почна со подготовки за новата сезона

Екипата на Пролет со денешниот тренинг го означи стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона во која влегува со исти амбиции, најпрвин влез во плејофот, а потоа и борба за место кое води во ракометна Европа.

На првата прозивка на тренерот Лембанов присуствуваа сите ракометари, вклучувајќи ги и новите засилувања на тимот, Филип Арсеновски и Антонио Николовски, кои ќе бидат значително освежување за пивотменската позиција, како и за играта во одбрана на Тинекс Пролет.

Предвидено е тимот да тренира по два пати дневно, потврдено е учеството на Пролет на турнирот во Прилеп, а наскоро ќе бидат договорени и преостанатите пријателски натпревари во овој подготвителен период.

Тинекс Пролет во првото коло од новата сезона, на почетокот од месец септември ќе го пречека составот на Вардар Неготино.

Се вчитува...