Тренерот на Шкупи, Џихад Арслан истакна задоволство од изданието на неговиот тим на гостувањето на Левски во Софија на реванш дуелот од 2. квалификациско коло во Конференциската лига, и покрај поразот со гол примен во последните секунди од средбата.
Чаирчани не успеаја да стигнат до изненадување, иако, како што рече Арслан на прес-конференцијата по средбата, ги подготвувале и мотивирале играчите пред натпреварот да веруваат дека се е можно на реваншот.
„Натпреварот секако беше важен за двете екипи, но ние тргнавме со негатива од 0-2 по оној пораз во Скопје па моравме дополнително да бараме мотив за играчите да им покажеме дека можно е се и на реваншот без разлика што не чека силен противник. Мислам дека успеавме во тоа, се боревме до крај, но не успеавме. Последните 15 минути бевме подобри на теренот, имавме две-три убави шанси и за гол, но не реализиравме. На крај честитам на Левски за победата и им посакувам успех во следната рунда европски натпревари“ – рече Арслан по денешната средба во Софија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА