Кристијано Роналдо го постигна вториот гол за само три дена спасувајќи го Ал Наср од пораз во мечот против Замалек во арапскиот Куп на шампионите.
Дуелот заврши без победник 1-1 откако Роналдо стрелаше во 87. минута за израмнување, а претходно Замалек поведе со голот на Ахмед Сајед во 53. минута.
Роналдо во самиот финиш успеа да израмни и да го спаси својот тим од пораз…
Of course Ronaldo’s goal that sent Al-Nassr to the knockout rounds of the Arab Club Champions Cup was a header 🛫
(via @AlNassrFC_EN) pic.twitter.com/xXQAMLsMXo
— B/R Football (@brfootball) August 3, 2023
На натпреварот во дресот на Ал Наср дебитираше Садио Мане кој влезе во игра на почетокот од второто полувреме.
Ал Наср сега е на второто место со пет бода, односно една победа и две нерешени од три натпревари, додека Замалек е трет со четири бода, кои ги освои со една победа и нерешено, а имаат и пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

