Од ПСЖ негираат дека Луис Енрике сака да си оди: „Тоа се чисти глупости!“

Дел од европските медиуми изминативе денови пренесоа дека Луис Енрике би можел да си замине од ПСЖ веќе по само еден месец откако пристигна во клубот.

Но, од ПСЖ таквите шпекулации категорично ги негираат оценувајќи ги како чисти глупости.

„Денешните гласини се толку смешни, што се комплетно далеку од реалноста. Тоа се глупости“ –  ја пренесува Фабрицио Романо изјавата на портпаролот на ПСЖ.

Францускиот клуб како тотални глупости ги оцени пишувањата на „Марка“, негирајќи дека Луис Енрике и директорот Луис Кампос си одат.

Се вчитува...