Францускиот репрезентативец Аксел Дисаси, е нов играч на Челси. Ова го потврди лондонскиот тим, а фудбалерот потпиша договор до 2029 година. 25-годишниот Дисаси доаѓа од таборот на Монако.
На име на обесштетување, тимот на Монако заработи 45 милиони евра. Дисаси за најдобрата селекција на Франција има одиграно четири меча, а беше дел и од Мундијалот во Катар.
Пред Монако, овој одбранбен фудбалер играше за Ремс и Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА