Јапонецот Камада го одбра Лацио

Конечно заврши сагата околу идниот клуб на одличниот Јапонец Даичи Камада. Играчот од средниот ред е нов член на Лацио, откако денеска ги мина медицинските прегледи и официјално ќе биде промовиран за нов фудбалер на овој клуб.

Камада пред извесно време се поврзуваше со трансфер во Милан, претходно и со Борусија Дортмунд, меѓутоа не успеа да се договори со овие два клуба.

Лацио го добива фудбалерот без ниту едно време, со оглед дека неговиот договор со Ајнтрахт Франкфурт истече во јуни оваа година.

Се вчитува...