Гвардиола: Не ми требаат играчи кои не сакаат да играат за нашиот клуб

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска зборуваше пред медиумите за тимот во новата сезона во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.

Шпанецот проговори за трансферот на Јошко Гвардиол за кого потврди дека е на медицински прегледи во Манчестер, а исто така зборуваше и за евентуалниот трансфер на Бернардо Силва во Барселона. Силва веќе неколку пати поднел барање за дозвола да премине во каталонскиот тим.

„Не сакам играчи кои не сакаат да играат тука“, рече Гвардиола и додаде:

„Но, ако некој го сака нашиот играч, треба да даде официјална понуда. Ако го сакаат, тогаш треба да фатат авион и да дојдат на средба со нашиот клуб“, изјави менаџерот на Сити.

Се вчитува...