„Морав да дојдам во Атина, претседателот сака да ја освои Евролигата по секоја цена“

Новиот кошаркар на Панатинаикос, Хуанчо Хернангомес изјави дека со нетрпение очекува да работи со тренерот Ергин Атаман и да игра пред навивачите на грчкиот гигант.

Хернангомез е десеттиот играч кој му се приклучи на Панатинаикос, а шпанскиот репрезентативец во средата ги помина медицинските прегледи во Атина.

Едно од најголемите засилувања на грчкиот гигант за претстојната сезона имаше одличен пречек при слетувањето во главниот град на Грција, каде го чекаа околу 400 навивачи на ПАО.

Шпанецот со НБА искуство објасни зошто избрал да дојде во ПАО.

„Чувствувам дека претседателот Димитрис Јанакопулос сака да победува и да ја освои Евролигата по секоја цена и таа желба за победа ме натера да се вратам од НБА“, изјави Хернангомез.

Се вчитува...