ЦСКА Москва летово ќе остане без уште еден важен играч, откако по Никола Милутинов куферите ги спакува и долгогодишниот руски репрезентативец Алексеј Швед. Овој играч беше еден од лидерите на тимот на нашиот Емил Рајковиќ минатата сезона, но веќе има решено летово да ги промени тимските бои и веќе е во потрага по нов клуб.
Спортската јавност беше шокирана откако Швед беше физички нападнат од неколку навивачи по елимминацијата на ЦСКА во полуфиналето од ВТБ-лигата, по што големиот ас се здоби и со повреди на мозокот, а извесно време се стравуваше дека нема да може повторно да игра кошарка. Во меѓувреме состојбата на Алексеј Швед се стабилизираше, но тој јасно стави до знаење дека нема намера да остане во ЦСКА и веќе ги разгледува останатите опции на маса.
Олимпијакос покажува интерес да го врати Русинот назад во Евролигата, и тоа како замена за Костас Слукас. Швед има на маса и интересни понуди од Кина и од Јапонија, па се очекува во најскоро време да пресече и да објави каде ќе ја продолжи кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

