Дефиниција за добар бизнис: Го купија за 3,5 милиони евра, па го продадоа во Тотенхем за 50 милиони

Раководството на Волфсбург заслужува чиста десетка за пронаоѓањето на суперталентираниот Мики ван де Вен, неговиот трансфер во клубот и продажбата во редовите на Тотенхем.

Овој 22-годишен Холанѓанец уште пред извесно време ги имаше договорено деталите за петгодишна соработка со Тотенхем, но од Волфсбург јасно ставија до знаење дека нема така лесно да се откажат од одличниот холандски интернационалец. Одличниот „нос за талент“ беше покажан пред две години, кога Ван де Вен настапуваше за второлигашот Волендам, а Волфсбург издвои 3,5 милиони евра за да го доведе во своите редови.

Тој се наметна како стандарден првотимец минатата сезона, го привлече и вниманието на Ливерпул, но откако „црвените“ се откажаа поради високата цена, Тотенхем остана сам да преговара. Лондонскиот клуб долго тактизираше во разговорите, но на крајот се согласи да плати 50 милиони евра, колку што Волфсбург бараше од самиот старт на овој преоден рок.

Секоја чест за бизнис-способностите на германскиот прволигаш, нема што…

Се вчитува...