Беса го совлада Тетекс во последната контрола пред стартот на сезоната

Македонските фудбалски клубови ги привршуваат подготовките за новата сезона во домашниот фудбал. Прволигашите премиерата ќе ја имаат викендов, а второлигашите очекувајќи ја следната недела се уште играат контролни мечеви меѓу себе.

Беса денеска во дуелот на второлигашите славеше над Тетекс со убедливи 4-1. Стрелци на головите за Беса беа Адеми, Алими, Ивановски и Скендери, додека единствениот погодок за тетовци беше дело на Јакимоски.

Беса второлигашката авантура годинава ќе ја стартува на гости против Осогово, додека Тетекс игра против Победа.

Се вчитува...