Дејвис си доби рекорден договор од ЛА лејкерс

Асот на Лејкерс, Ентони Дејвис го продолжи договорот со франшизата од Лос Анџелес и стана рекордер кога е во прашање годишната заработка.

Познатата „Веѓа“ го продолжи договорот на уште три години. Тоа ќе ги чини Лејкерси 186 милиони долари, а 62 милиони долари годишно се најмногу што некој играч некогаш добил на годишно ниво.

Така, вкупно, до истекот на актуелниот договор и тој нов договор во 2028 година, Дејвис ќе заработи 270 милиони долари. На овој начин Лејкерс завршија уште една одлична работа, бидејќи претходно го задржаа и Леброн Џејмс.

Овие двајца со години се темелот на Лејкерс и луѓето кои се најзаслужни за последната шампионска титула во 2020 година.

Се вчитува...