Шпанија е прв четвртфиналист на женскиот Мундијал (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија е првата селекција која се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство за жени кое се игра во Австралија и Нов Зеланд.

Шпанките во денешниот осминафинален меч буквално ја прегазија репрезентацијата на Швајцарија совладувајќи ја со убедливи 5-1.

Шпанките поведоа со 1-0 уште во 5. минута со погодокот на Бонмати. Со автоголот на Кодина во 11. минута Швајцарките израмнија на 1-1, но до крајот на првиот дел со погодоците на Редондо-Ферер, Бонмати и Кодина, Шпанија на пауза замина со убедливи 4-1.

Конечните 5-1 беа дело на Хермосо во 70. минута.

 

Switzerland W 1 – [5] Spain W – Jenifer Hermoso 70'
byu/Big-Holiday-339 insoccer

Се вчитува...