По тешката повреда на Влатко Чанчар и најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ ги загрижи навивачите.
Лука Дончиќ ги загрижи словенечките навивачи бидејќи се повреди во дуелот со грчкиот центар Георгиос Папајанис. Ѕвездата на Далас Маверикс го напушти паркетот во финишот на првото полувреме и не се врати до крајот на натпреварот поради проблем со левото колено, но беше потврдено дека словенечката репрезентација превентивно одлучила да го стори тоа.
Дончиќ сепак ќе биде подготвен за Светското првенство, каде Словенија е во група со Зеленортските Острови, Грузија и Венецуела. Дончиќ до тој момент постигна 18 поени, а грчкиот тим со исто толку поени го предводеше Константинос Митоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

