Канадски циркус подготвува претстава „Меси 10“

Настапот на канадскиот циркус „Cirque du Soleil“ наречен „Меси 10“, инспириран од животот и кариерата на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, ќе биде изведен на 5. октомври годинава во Буенос Аирес, а организаторите очекуваат да присуствува и самиот Меси.

Претставата „Меси 10“ името го добила по бројот на дресот на фудбалскиот ас, а го прикажува неговиот живот од раното детство во родното Росарио до денес.

Кога продуцентите му ги претставија своите планови на славниот играч, Аргентинецот само побара во него јасно да се истакнат семејните вредности. Песните, како што е неофицијалната химна „Мучачос“ што го најави триумфот на Аргентина на Светското првенство, ќе бидат изведени од група од 34 акробати.

Во последниве години, циркусот се обиде да ја популаризира својата работа со замена на циркуските места со претстави на познати личности. Меѓу другото, тие еднаш изведоа претстава за животот на пејачот Мајкл Џексон.

Се вчитува...