Бразилскиот плејмејкер Раул Нето и официјално стана играч на турскиот Фенербахче. Нето пристигна по осум сезони во НБА. Таму најдолго остана во Јута, каде играше од 2015 до 2019 година, а потоа го носеше дресот на Филаделфија, Вашингтон и Кливленд.
Извесно е дека тој ќе биде еден од големите адути на тимот кој од клупата го предводи Димитрис Итудис а еден од главните играчи е српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ. Турскиот клуб летово на позицијата број еден го доведе и Јам Мадар од Партизан.
Покрај Мадар и Нето, Фенербахче летово се засили и со Санли од Барселона, Папајанис од Панатинаикос и Нејт Сестин од Турк Телеком.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА