ОФИЦИЈАЛНО: Расмус Хојлунд е нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед конечно го официјализираше младиот дански напаѓач Расмус Хојлунд.

Данскиот напаѓач во таборот на „црвените ѓаволи“ доаѓа од редовите на калчолигашот Аталанта за сума од 70 милиони евра, плус 10 милиони кои италијанскиот тим би ги добил како бонус.

Хојлунд со тимот од „Олд трафорд“ потпиша договор до 2028 година.

Се вчитува...