Аталанта конечно најде замена за Данецот, Расмус Хојлунд. Очекувано, Хојлунд стана нов член на Манчестер Јунајтед и потпиша петгодишен договор, откако двата клуба ги договорија деталите за трансферот.
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини брзо реагира па нов член на тимот од Бергамо ќе биде играчот на Вест Хем, Џанлука Скамац. Аталанта на „чеканите“ ќе им плати отштета од 24 милиони евра, плус уште четири преку бонуси.
Инаку, Скамака минатата сезона беше доведен во Вест Хем од Сасуоло за 35 милиони евра. На 27 натпревари во сите натпреварувања постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА