Работнички ги претстави новите дресови: Страст, природа, традиција

Прволигашот Работнички ги претстави дресовите со кои ќе настапува во новиот шампионат 2023/24. „Природа, страст, триумф“, е мотото со кое е претставена новата спортска опрема на ФК Работнички.

„Романтичарите“ ќе носат „црвено-бела“ варијанта, а како резервни опции ги имаат белата и сината боја.

Работнички в понеделник го стартува шампионатот, со дуелот против Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Се вчитува...