Шкендија на неславен начин ја заврши својата епизода во Европа ова лето. Сето тоа очигледно носи силна болка во таборот на црвено-црните на почетокот од сезоната, па затоа се бара мотив повеќе за настапите во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.
Во 1.коло во новата сезона Шкендија денеска од 17 часот му гостува на дебитантот Воска.
Шефот на стручниот штаб, Ардијан Нухиу верува дека тимот ќе се издигне над сите оние проблеми и ќе има успешен старт на сезоната, денеска во Охрид.
„Шкендија е подготвена за стартот на сезоната во Првата лига. После таа елиминација од Хаверфордвест, кај нас постоеше вознемиреност. Во неколку наврати разговарав со играчите, мора таа болка од Европа да ја претвориме во мотив и затоа мора добро да тргнеме во шамионатот. Воска е анализирана, ова лето доста беше активна на пазарот, сепак мора да се искористи квалитетот на нашиот тим и да дојдеме до победа на овој натпревар во Охрид“ – вели Нухиу.
ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Охрид: ВОСКА – ШКЕНДИЈА
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ (17 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА