Прославениот кошаркар Лука Дончиќ се вклучи во пружање на хуманитарна помош за настраданите во Словенија, кои беа погодени од големите поплави пред неколку дена.
Станува збор за една од најлошите природни катастрофи во историјата на земјата, а според првите проценки штетата изнесува околу 500 милиони евра.
Кошаркарот на Далас веднаш презнел иницијатива и се вклучил во помошта.
„Фондацијата Лука Дончиќ е потресена од катастрофалните поплави кои унишитија домови, одзедоа животи и предизвикаа хаос во Словенија. Во контакт сме со локалните власти за да ги растовариме, па ќе продолжиме да пружаме помош колку што ќе биде потребно. Се заблагодаруваме на пожарникарите и спасувачите на терен, како и оние кои се одзваа ризикувајќи ги своите животи за да помогнат. Во нашите срца и мисли се сите жители на Словенија кои во страшните поплави ги загубија домовите. Ќе сториме се да им помогнеме“, се наведува во соопштението на Фондацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

