Првиот светски тенисер Карлос Алкараз и натаму е возбуден од освојувањето на титулата на грен-слемот во Вимблдон. Шпанецот пред неколку седмици во финалето во Лондон го совлада Новак Ѓоковиќ и се закити со првиот пехар на грен-слем турнирите.
Тој кажа дека и натаму не може да верува дека е освојувач на Вимблдон и дека трофејот го чува во својата дневна соба.
„Го имам трофејот во својата дневна соба, и секогаш кога ручам или вечерам со семејството го гледадм. Тоа е нешто кое не сакам да го заборавам. Имавм една недела да размислувам за него. Но, ми требаше малку повеќе затоа што ова е лудо. Освојување на Вимблдон на 20 години е нешто за кое сонував кога почнував да играм тенис. Тоа ми беше четврти турнир на трева така што беше целосно неочкеувано“, рече Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

