Шок за Влатко Андоновски: САД елиминирани во 1/8 финалето на СП

Женската репрезентација на САД е елиминирана од Светското првенство во Австралија и во Нов Зеланд, откако денеска загубија од Шведска по изведувањето на пеналите во 1/8 финалето. Со тоа САД нема да го одбрани светското злато освоено пред четири години.

Тоа е шок за Македонецот Влатко Андоновски кој што беше назначен во 2019 година како селектор, и се очекуваше од него да го одбрани пехарот, но не успеа. Дефинитивно по овој неуспех ќе се тресе неговата позиција сега.

САД имаше две шанси да дојде до победата, откако промашија Швеѓанките два пенали, но во седмата серија откако САД промаши, Шведска погоди и тоа после проверка на ВАР снимката, со што почна големата радост. Шведска ќе игра против Јапонија во 1/4 финалето, додека првата четврфинална двојка е Шпанија – Холандија.

Се вчитува...