Дуро: Сега сите екипи поинаку ќе ја гледаат Струга ТЛ

Шампионот Струга ТЛ денеска во дуел против новиот прволигаш Гостивар, го почнува патот кон одбраната на титулата во македонскиот шампионат.

Тренерот на првакот Шпетим Дуро напомена дека против себе имаат тим кој што беше активен на трансфер пазарот, и дека овие натпревари се сосема поинакви од оние во Европа.

„Досега имавме многу натпревари, до пред три дена игравме со Будуќност, додека сега почнуваме со првенството. Дефинитивно шампионатот е друга приказна, имаме противник кој беше многу активен на трансфер пазарот, немам 100% познавање за тимот на Гостивар, бидејќи бевме фокусирани на европските натпревари, но ќе се обидеме да го дадеме максимумот во првиот натпревар. Тимот на европските натпревари покажа дека е исклучително солиден, многу силен тим, додека тоа сакаме да го покажеме и во првенството како бранители на титулата“, рече Дуро додавајќи дека сега сите противници сосема поинаку ќе гледаат на Струга ТЛ.

„Дефинитивно името на екипата на Струга Трим Лум сега се цени повеќе, доби друга димензија, како во локалниот фудбал, така и во Европа, така што тоа е екипа која ќе ја ценат сите, но ние функционираме како тим“, изјави Дуро.

Се вчитува...