Покетино: Во ПСЖ многу работи беа невозможни

Новиот менаџер на Челси, Маурисио Покетино се наврати на миговите кога работеше во ПСЖ. Аргентинецот вели дека во овој тим не размислуваат како на пример Јунајтед или Ливерпул, кои не се решаваат на често менување на тренерите.

Тој се осврна на мечевите во ЛШ кога тимот загуби од Реал Мадрид, и според него нешто „мистериозно“ се случувало на реваншот, после првиот натпревар во Париз.

„Игравме со Манчестер Сити во првата сезона, а ја победивме Барселона на Лионел Меси. Ја исфрливме Барселона, стигнавме до полуфиналето. Во втората сезона имавме неверојатен натпревар со Реал Мадрид. Дома заслуживме да победиме со 2-3 гола разлика, не реализиравме пенал. Во вториот меч заслуживме исто така повеќе. Водевме со 0-1, а потоа се случи нешто мистериозно. После тој пораз клубот размислуваше да промени се. Манчестер Сити и Ливерпул загубија во полуфиналето на ЛШ, па му дадоа можност на тренерот да работи до крај. Во ПСЖ многу работи беа невозможни, мора да се разбере тоа“, рече Покетино.

Се вчитува...