Гвардиола: Сакам да го одбраниме сето она што го освоивме минатата сезона

Арсенал денеска славеше против Манчестер Сити во финалниот меч во „Комјунити Шилд“ после изведувањето на пеналите. Со тоа му „украде“ еден трофеј на Сити и тоа пред самиот почеток на Премиерлигата.

Тренерот на шампионот Пеп Гвардиола, не искажа разочараност по поразот, напротив, навести дека може да остане во Сити уште долго, и дека сезонава имаат цел да ги одбранат сите титули.

„Микел го донесе Арсенал во позиција да се борат за трофеи, а засилувањето како Рајс ги подигна на повисоко ниво. Предизвикот оваа сезона е поголем, затоа што многу клубови ќе се борат за трофејот во Премиерлигата. Не може да се освои повеќе од она кое ние го освоивме минатата сезона, тоа е невозможно“, рече Гвардиола и додаде:

„Тука се чувствувам спокојно, задоволен сум, и тоа нема да се промени без разлика дали ќе освоиме нешто или не. Среќен сум и луѓето во Сити се среќни, а тие одлучуваат кој тренер ќе ги води. Ако се тие задоволни и јас сум. Сакам да го одбраниме сето она кое го освовиме минатата сезона“, кажа тренерот на Сити.

Се вчитува...