Откако не успеа да се договори со Душан Влаховиќ, и се откажа од услугите на Хари Кејн, ПСЖ најде напаѓач во името на Гонзало Рамош од Бенфика. Целиот трансфер ќе чини 80 милиони евра, односно 65 милиони веднаш, и 15 милиони низ бонуси.
Рамош најпрво како позајмен ќе премине во редовите на ПСЖ до 2024 година, а потоа со перманентен трансфер, со оглед дека парискиот тим треба да го запази финансискиот фер плеј.
Рамош е уште една одлично завршена работа на Бенфика, после трансферите на Дарвин Нуњез во Ливерпул за 100 милиони евра, и Жоао Феликс во минатото за 120 милиони евра. Пред седум месеци го продаде и Енцо Фернандез за 120 милиони евра на Челси, а исто така пред неколку години и Рубен Диаш во Сити за 71 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА