Мајсторски гол на Роналдо за победа на Ал Наср во Арапскиот Куп (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср во чии редови игра Кристијано Роналдо, Марсело Брозовиќ и Садио Мане, обезбедија пласман во полуфиналето на Арапскиот Куп на шампионите откако во четвртфиналето го победија тимот на Раја Казабланка од Мароко со 3-1.

Ал Наср поведе со голот на Роналдо во 19. минута, а Ал Ганам потоа погоди за 2-0, Секо Фофана за 3-0. Мадуа само успеа да го намали водството на тимот од Саудиска Арабија.

Роналдо на мајсторски начин погоди во мрежата на противникот, а за тимот играше и новото засилување од Интер, Марсело Брозовиќ.

Ал Наср во полуфиналето ќе игра против Ал Шорт од Иран.

Се вчитува...