Меси со спектакуларен гол во предводеше Интер Мајами во четвртфинале (ВИДЕО)

Интер Мајами се пласираше во четвртфиналето од Лига Купот на Северна и центарлна Америка откако го голем пресврт славеше со 5-4 по изведување на пенали против Далас.

Херој на тимот од Флорида беше Лео Меси кој откако го отвори натпреварот со гол во 6. минута успеа и да го спаси неговиот нов клуб. По раниот гол на Аргентинецот натпреварот продолжи во знакот на Далас кој до крајот на првото полувреме направи целосен пресврт за 2-1, а потоа во 63. минута поведе и со 3-1.

Кремаши во 65. минута намали на 3-2, но само три минути подоцна автоголот на Тејлор донесе предност од 4-2 за Далас. Нов автогол, овој пат на Фарфан намали на 4-3, а голот на Меси во 85. минута од слободен удар донесе изедначување од 4-4.

Аргентинецот беше успешен од белата точка во пенал рулетот, а на крајот хет-трикот беше доволен за пласман во следната фаза.

Се вчитува...