„Обично играта не контролира нас, но не и Меси. Тој ја контролира играта“

Лео Меси фантастичната голгетерска форма ја пренесе и во дресот на Интер Мајами каде на 36-годишна возраст го предводи тимот од Флорида со седум голови на четири одиграни натпревари во кои неговиот тим забележа и четири победи.

За аргентинскиот ас сега говореше и неговиот поранешен соиграч од Барселона и репрезентацијата, Хавиер Маскерано кој во интервју за „Марка“ изјави дека тој е најдобриот фудбалер во историјата.

„Кога заврши Светското првенство, Меси стави крај на дебатата за најдобар играч на сите времиња. Тој е најголемиот фудбалер кој моите очи го виделе. Делува многу среќно во Мајами, не ужива само во фудбалот, туку и во животот со своето семејство и пријатели, а тоа може би било тешко на друго место во светот. Говорев дека играта обично не контролира нас, но во неговиот случај тоа е различно. Лео ја контролира играта“, вели Маскерано.

Се вчитува...