Калин Ивановски со скок од 30 места до најдобар ранг во кариерата на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа скок од 30 места, па дојде до 306. место на најновата АТП ранг листа, што е негов најдобар ранкинг во кариерата.

Скокот на АТП листата следи по освоениот фјучерс турнир во Крамсах од минатата недела. Оваа недела, пак, Ивановски настапува на Челинџер 100 турнирот во Бања Лука.

Од останатите македонски тенисери, Србљак е на 1.130. место, додека Обрад Марковски е на 1.220. место со напредок од пет позиции.

На врвот на АТП листата е Карлос Алкараз, пред Новак Ѓоковиќ, а во топ 10 се уште и Данил Медведев, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Јаник Синер, Тејлор Фриц и Франсес Тиафо.

Се вчитува...