Силва побарал трансфер од Манчестер Сити

Бернардо Силва одлучил дека е време да замине од редовите на Манчестер Сити, пренесуваат шпанските медиуми. Португалскиот репрезентативец веќе и го информирал Пеп Гвардиола за одлуката и се очекува наскоро да го комплетира трансферот во Барселона.

Силва веќе подолго време не е најзадоволен со статусот кој го има во клубот и покрај тоа што важи за еден од најстандардните и најомилените фудбалери на Гвардиола, а во полза на Манчестер Сити не ниту освоената „триплета“ во претходната сезона по која Португалецот смета дека го достигнал врвот со англискиот тим.

Сега тој сака да го оствари својот сон и да заигра за големата Барселона, во шпанскиот град кој го фасцинира и него и неговата сопруга.

Се вчитува...